10км, 5км, 3км, 1км (за деца околу 10 годишна возраст).Детали
ВРЕМЕ и ДАТУМ:
27ми август 2016 06:00 попладне ЛОКАЦИЈА: Трката ќе стартува од Витачево кон Кавадарци, градскиот плоштад, што е воедно и финишот на трката. ВОЗРАСТ: Возрасна граница нема на овие трки, само за забавната трка од 1км е за деца на околу 10 годишна возраст, со цел да се вклучат и најмладите, за промовирање на важноста на спортот и физичката активност. ВОЛОНТИРАЈ со НАС!
|
Трошоци
ПАРТИЦИПАЦИЈА:
Детали за партиципација на учество има дадено подолу, но и на самиот регистрациски формулар, а за уплата ќе бидете контактирани после вашата регистрација, директно на вашиот емаил. 10км трка -- 250 ден. 5км трка -- 150 ден. 3км трка -- 100 ден. 1км забавна трка (за деца на околу 10 годишна возраст) -- 50 ден Забелешка: За регистрација на лице место или после рокот за регистрација он-лајн, ке биде овозможено, но партиципацијата на учеството ќе биде зголемена за 50 ден. ДРУГИ ТРОШОЦИ: Освен партиципација за учество, Вие доколку не сте од Кавадарци, кои ни доаѓате од други делови на државата, патните трошоци до Кавадарци, се на Ваше сопствено менаџирање. А превозот од Кавадарци, до стартот на трката, ќе биде обезбеден од организаторите. |
КАВАДАРЦИ ТРКИ 2016
Голема меѓународна трка во Кавадарци.
Младинската Асоцијација Креактив, во соработка и со поддршка од општина Кавадарци, локални и меѓународни волонтери, волонтери на Црвен Крст, Herbalife и Кожувчанка, токму пред почетокот на Европската недела на спортот, организира јавен настан, меѓународна трка: Кавадарци трки 2016 "Born to Run", на која може учествува секој кој сака да трча. Веќе се пријавени тркачи од Белгија, Велс(Велика Британија), Естонија, Јордан, Русија, Шпанија, САД итн.
Повикот е отворен за учесници од сите националност.
За подготовка на настанот ќе се погрижи волонтерски тим, во кој можете и ВИЕ да земете учество. Повеќе информации за волонтирање има наведено подолу на страницава.